Islam Uddin
28 Декември 2025•Ажурирај: 29 Декември 2025
АНКАРА (АА) - Екипите за пребарување и спасување во Индонезија денес ги продолжија напорите за пронаоѓање на 21 исчезнато лице по два одделни инциденти со бродови во Папуа и Источна Нуса Тенгара, објавија локалните медиуми, известува Анадолу.
Во среда вечер, глисер што превезувал 21 патник се превртел поради силните ветрови и високите бранови во регентството на островите Јапен во покраината Папуа, додека патувал од градот Серуи кон Ваинду, објави КомпасТВ.
Тројца патници се спасени, една жртва е пронајдена мртва во саботата попладне, а 17 лица сè уште се водат како исчезнати.
Во друг инцидент што се случи во Источна Нуса Тенгара, четворица шпански туристи сè уште се водат како исчезнати откако туристички брод потона во близина на островот Падар во областа на Националниот парк Комодо во петокот вечер, објави „Џакарта Глоуб“.
Спасувачките и истражувачките екипи продолжуваат со своите напори денес за да ги пронајдат исчезнатите лица во двата инцидента.