Haydar Hadi
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во силната експлозија што утринава се случи во центарот на ирачкиот град Багдад, во кој синоќа се случи уште еден смртоносен бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските служби за АА потврдија дека со далечински управувач е активиран автомобилот-бомба, кој бил паркиран во градската чаршија, во непосредна близина на мостот Шухенда во центарот на Багдад.
Според првичните информации, во експлозијата загинаа најмалку осум, а ранети се 11 лица.
И синоќа во квартот Крадах во центарот на Багдад беше извршен речиси идентичен напад во кој загинаа најмалку 11, а беа ранети 50 лица.
Одговорноста за синоќешниот напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ, а се претспоставува дека и денешниот напад е извршен од истата терористичка мрежа.
Ирак е место на длабока политичка и безбедносна криза којашто ескалираше во летото 2014 година, кога терористите на ДЕАШ го зазедоа вториот најголем град во таа земја, Мосул, како и други области.
Покрај операциите за ослободување на тие градови, кои ги спроведуваат здружените ирачки сили, Багдад е место на чести терористички напади коишто продолжија и за Рамазан, месецот на муслиманите.