Diyar Güldoğan
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 14 лица загинаа во невремето што го зафати главниот град на Русија, Москва, проследено со силен ветар и пороен дожд, соопштија денес руските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Како резултат на силното невреме, во Москва и во околината на Москва загинаа 14 лица: 11 во Москва и тројца во околината на градот“, изјави портпаролката на Рускиот истражен комитет, Светлана Петренко, јави руската новинска агенција ТАСС.
Вчера беше соопштено дека како резултат на силниот ветар загинале 11 лица.
Агенцијата објави и дека ветерот дувал со брзина и до 28 метри во секунда, a бил проследен со пороен дожд.
Алексеј Хрипун, раководител на Здравствениот дом во Москва, денес истакна дека помош побарале вкупно 150 лица.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, истакна дека вакво невреме досега не е видено и додаде дека од невремето, во градот биле откорнати 3.500 дрвја.