Merve Berker
09 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
КАНО
Најмалку единаесет лица, меѓу кои и деца и локалниот имам, се убиени во вооружен напад што го извршија припадниците на озлогласената група Јан Сакаи во покраината Сокото, во северна Нигерија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Масакрот се случил на пазарот во селото Маманде, на улицата „Гвадабава“, а жртвите биле жители од различни населби на племето Фулани кои дошле да купат храна и други артикли на пазарот, кој е отворен само еден ден во неделата.
Уште најмалку четири лица се убиени во нападот, а меѓу нив е и локалниот имам Малам Алију.
Напаѓачите избегале од местото на злосторството крадејќи ја стоката и други вредни работи од жртвите.
Очевидецот Ахмад Вада рекол дека единствениот грев на жртвите бил што се припадници на племето Фулани.