Mücahit Aydemir
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ТРИПОЛИ
Во сенката на децениската сигурносна и политичка криза, илјадници жители на Либија вчера излегоа на улиците за да му дадат поддршка на својот национален фудбалски тим, кој играше натпревар за квалификација на Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Репрезентацијата на Либија на гостувањето во Александрија играше против Египет, а навивачите на Либија на плоштадите го гледаа натпреварот на големите екрани.
Египет славеше минимална победа, што до некаде го расипа навивачкиот амбиент во Триполи и во другите градови на Либија.
Либија повеќе од деценија е место на судири и длабоки поделби, а фудбалот е меѓу ретките работи кои понекогаш успеваат да ги надвладеат сите проблеми и да му дадат малку мир на народот.