Davit Kachkachishvili
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
БАТУМИ
Најмалку пет лица загинале во петокот при уривање на седумкатница во грузискиот град Батуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Спасувачките екипи се на терен и досега од урнатините извлекле тела на петмина загинати, меѓу кои и две деца.
Околу 300 спасувачи се вклучени во барањето на жртвите под урнатините, а досега се спасени четири лица.

Паралелно со тоа, Министерството за внатрешни работи управува со спасувачката операција, а ресорниот министер Ваханг Гомелаури соопшти дека во рамките на истрагата за несреќата уапсени се три лица.
Тој кажа дека е уапсен сопственикот на станот од првиот кат на зградата, Заур Будатов, и двајца градежни работници, а тројката е обвинета дека со нелегални активности при реновирање на станот, предизвикале рушење на комплетниот објект.
