Aida Cako
16 Август 2025•Ажурирај: 19 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Дартло, едно од најживописните села во грузискиот регион Тушети, претставува уникатна комбинација на историја, култура и природна убавина, јавува Анадолу.

Сместено во долината Пирикити, околу 15 километри северозападно од селото Омало, ова село датира од 17 век и е познато по своите камени куќи и одбранбени кули изградени со техника на сув камен.

На надморска височина од 1.850 метри, Дартло нуди поглед кон величествениот планински венец Голем Кавказ и лесен пристап до повеќе планинарски патеки.
Меѓу културното наследство се вбројуваат традиционален суд Сабчео, крипти, манастир, урнатини од црква, светилишта и петроглифи.