Davit Kachkachishvili
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
ТБИЛИСИ (АА) - Авионот во кој се превезувал американскиот државен секретар, Џон Кери, поради технички причини слета во Тбилиси, Грузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери на меѓународниот аеродром „Шота Руставели“ беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Грузија, Давит Залкалиани, и од американскиот амбасадор во Тбилиси.
Американскиот министер и официјалните лица од Грузија за време на краткиот разговор на аеродромот разменија мислења за политичките, демократските и економските проблеми во Грузија.
Министерот Кери во таа пригода изјави дека во гореспоменатите области, Грузија има напредок и дека игра важна улога во регионот.
Залкалиани му се заблагодари на Кери за неговиот придонес во развојот на американско-грузиските односи.
Кратко потоа, министерот го напушти Тбилиси.