Diyar Güldoğan
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ТБИЛИСИ (АА) - Денес стапува во сила договорот за патување на грузиските граѓани во европската Шенген зона без визи, јавува nadolu Agency (AA).
Грузискиот премиер, Ѓорѓи Квирикашвили, заедно со министри, студенти и новинари, за првпат отпатуваа во грчкиот главен град Атина без визи.
Пред да заминат од меѓународниот аеродром во Тбилиси, Квирикашвили рече: „Почнувајќи од денес, безвизниот режим на патување за грузиските граѓани во Шенген зоната официјално започна“.
„Ова е голем успех. Безвизниот режим ќе им обезбеди на грузиските граѓани можност за подобро да ги запознаат земјите од ЕУ“.
Квирикашвили истакна дека после Атина ќе отпатува за Брисел.
„Нашата крајна цел е целосна интеграција со ЕУ“, додаде тој.
Граѓаните на Грузија со биометриски пасоши, без визи, ќе можат да патуваат за бизнис цели, туризам или семејни посети во одредена земја од ЕУ во период до 90 дена.
Велика Британија и Ирска нема да бидат вклучени во договорот за безвизно патување бидејќи тие не се дел од Шенген-зоната.
Земјите кои не се членки на ЕУ, како што се Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, се вклучени во договорот.