Merve Yıldızalp
03 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во операцијата „Штитот на Еуфрат“, се неутрализирани 22 терористи, припадници на ДЕАШ, а повредени се 11 припадници на опозициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили објавија дека продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ и во 72. ден од нејзиното започнување на 24 август, со цел да се поддржат коалициските сили и да се зголеми безбедноста на границите, со уништување на терористичката организација ДЕАШ и другите терористички организации.
Продолжувајќи кон линијата Маре, групата специјални единици составена од припадници на опозицијата успеа од терористичката организација да ги преземе и да постави целосна контрола над 6 населени места (Ак Бурхан, Баруза, Ваш, Ал Гхарз, Тлатина, Тилтана) во јужниот дел на Актарин. Операцијата продолжува кон Баб.
Во борбите беа неутрализирани 22 терористи, припадници на ДЕАШ, а повредени се 11 припадници на опозицијата. На силите за поддршка не им е нанесена никаква штета и немаат човечки загуби. Почнувајки од 24 август, опозиционерите досега успеаја да преземат под контрола територија од 1.345 квадратни километри.
Во рамките на операцијата, нападнати се 100 објекти на ДЕАШ и 44 на терористичката организација ПКК/ПЈД. Во нападите беа уништени засолништа, одбранбени позиции, командни објекти, оружје и автомобили.
Воздухопловните сили не учествува во операцијата, но воените авиони подготвено чекаа во случај на итна потреба.
- Во воздушните операции беа неутрализирани 14 припадници на ДЕАШ
Коалициските сили во областите Барузах и Ак Бурхан извршија два воздушни напада врз припадниците на терористичката организација ДЕАШ, при што беа неутрализирани 14 терористи. Во нападот беа уништени монтирани возила, како и противавионско оружје на ДЕАШ.
Исто така во исчистените области од ДЕАШ од страна на тимовите за идентивикување и уништување на експлозивни материјали од почетокото на операцијата до сега вкупно се уништиле 33 мини и илјада и 379 рачни изработени експлозиви експолозиви.
Во границата со Сирија преку безпилотните лета беа извршени активности за наблудување и откривање.