Ekip?
03 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
КАРАЧИ (АА) - Најмалку 18 лица загинаа, а 40 се повредени во судир на два патнички воза во пакистанскиот град Карачи, пренесува Anadolu Agency (AA).
До судирот дошло откако еден од возовите удрил во возот пред него, по што се превртеле три вагони.
Докторката Семи Џамали од медицинскиот центар „Џина Постграџуејт" за АА потврди дека екипите на итна помош донеле 18 безживотни тела и десетици други пациенти кои биле во критична состојба.
Ова е втора железничка несреќа во последните два месеца во Пакистан.