Ahmed Asmar
25 Јули 2024•Ажурирај: 28 Јули 2024
РАМАЛА (АА) – Најмалку 91 новинар се приведени од страна на израелската војска од избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа минатиот 7 октомври, соопшти денес палестинска невладина организација, пренесува Анадолу.
Педесет и тројца новинари остануваат во притвор, меѓу кои и шест новинарки, се вели во соопштението на Палестинското здружение на затвореници.
Меѓу приведените новинари 16 се од Појасот Газа и 17 што се држат без судење или обвинение според политиката на Израел за таканаречен административен притвор, се додава.
Според невладината организација, најмалку 9.800 Палестинци се приведени од израелската војска на окупираниот Западен Брег од 7 октомври 2023 година.
Тензиите низ окупираниот Западен Брег се големи поради смртоносната израелска офанзива врз Појасот Газа во која досега загинаа речиси 39.200 луѓе.
Според Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 590 Палестинци, а речиси 5.400 се повредени од израелската војска на окупираниот Западен Брег.
Во значајното произнесување на 19 јули Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ и повика на евакуација на сите постојни еврејски населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс).