Giada Zampano
25 Јули 2024•Ажурирај: 26 Јули 2024
РИМ (АА) - Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес во Рим се сретна со израелскиот претседател Исак Херцог, истакнувајќи ја важноста од итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на сите заробеници, пренесува Анадолу.
Мелони ја нагласи посветеноста на Италија на деескалацијата во регионот, потсетувајќи на улогата што ја има италијанскиот контингент на границата со Либан преку Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) и ја повтори својата силна загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа.
Мелони вети дека Италија ќе продолжи да работи за „решение со две држави“ на Блискиот Исток, поддржувајќи го американското посредување и обезбедувајќи помош за палестинското цивилно население.
За време на средбата меѓу Мелони и Херцог десетици пропалестински демонстранти се собраа пред палатата Чиги и повикаа на прекин на испораката на оружје за Израел.
За време на посетата на Рим, Херцог во палатата Квиринале се сретна и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.