Ekipa
13 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
КУДС (АА) - На лидерот на израелската опозиција, Бенјамин Нетанјаху, денес и официјално му е доделен мандатот за формирање на новата Влада на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нетанјаху го доби мандатот по средбата со претседателот Исак Херцог, кој ги заврши тридневните консултации со лидерите на политичките партии, објави „Хаарец“.
Парламентарните избори во Израел се одржаа на 1 ноември. Тоа беа петти избори за помалку од четири години, а излезноста беше 71,3 отсто, најголема во последните 20 години.
Лидерот на партијата Ликуд и поранешен премиер Нетанјаху и неговиот десничарски блок освоија 64 од 120 места во Кнесетот (израелскиот Парламент), со што обезбедија целосно мнозинство за формирање влада.
Блокот предводен од актуелниот премиер Јаир Липид освои 51 место.