Hasan Esen
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) - Северноатлантскиот воен сојуз (НАТО), соопшти дека членството на Турција во НАТО е неспорно, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека во медиумите се изнесени голем број различни тврдења во врска со ставот на НАТО за обидот за државен удар во Турција и членството на земјата во НАТО. Беше истакнато дека Турција е значаен партнер кој придонесува на заедничките напори на НАТО.
„Иако Турција се соочува со невидени безбедносни проблеми, оваа земја е целосно присутна во одлуките кои ги носи Алијансата. Членството на Турција во НАТО е неспорно”, се вели во соопштението.
НАТО беше формиран врз принципите на колективна одбрана и принципите на демократија, индивидуална слобода, човекови права и владеење на правото.
„НАТО верува во придонесот на Турција, исто така и Турција може да верува во солидарноста и поддршката на НАТО”, се вели во соопштението
На крајот, се наведува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ноќта кога имаше обид за државен удар во Турција, телефонски го контактирал претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи ,Мевлут Чавусоглу, остро осудувајќи го обидот за државен удар, поддржувајќи ги демократските институции на Турција.