Ekipa
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
БРИСЕЛ/СТОКХОЛМ (АА) - Европската Унија (ЕУ), НАТО и Шведска го осудија новото нуклеарно тестирање извшрен од страна на Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во писмено соопштение истакна дека НАТО е загрижен од дестабилизирачкото однесување на Северна Кореја.
„Oстро го осудуваме шестото нуклеарно тестирање извршено од страна на Северна Кореја. Ова е повторно прекршување на резолуцијата 2321 усвоена од страна на Советот за безбедност на ОН во ноември 2016 година“, истакна Столтенберг, додавајќи дека овие тестирања претставуваат закана за регионалната и меѓународната безбедност.
Повикувајќи ја администрацијата на Пјонгјанг итно да стави крај на сите активности поврзани со програмата на балистички проектил и нуклеарки, Столтенберг пренесе дека Северна Кореја треба да го уништи сето оржуја за масовно уништување на нереверзибилен начин.
Столтенберг упати апел до Северна Кореја за исполнување на меѓународните обврски, и за ставање крај на сите закани и однесување кое предизвикува тензии и недоверба.
Високата комесарка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, истакна дека Северна Кореја повторно ги прекршува одлуките на Советот за безбедност при ОН.
„Тестирањето извршено од страна на администрацијата на Пјонгјанг е многу провокативен акт, и ѝ се заканува на регионалната и меѓународната безбдност“, додаде таа.
Могерини пренесе дека пораката на ЕУ е многу јасна, и упати апел до администрацијата на Северна Кореја за уништување на сето оружје за масивно уништување.
Могерини истакна дека во врска со ова прашање ќе се дискутира на состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ, кој следната недела ќе се одржи во Естонија.
Европската комесарка укажа оти е важно за ова прашање да се дискутирана на еден координиран начин и со заеднички став од страна на ЕУ и на меѓунардната заедница, и додаде дека Советот за безбедност на ОН треба да има ефикасна и остра реакција.
Од друга страна, министерката за надворешни работи на Шведска, Марго Валстром, преку објава на социјалните мрежи го осуди последното тестирање на Северна Кореја: „Северна Кореја му се заканува на меѓународниот мир и безбедност. Задачата им припаѓа на Советот за безбедност при ОН“, напиша тој.
- Јужна Кореја и Кина со осуда на тестирањето хидрогенска бомба изведено од Северна Кореја -
Според новинската агенција Јонап, советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Чунг Еу-јонг, дал изјава за медиумите по состанокот на Советот за национална безбедност одржан по силниот земјотрес во Северна Кореја.
Чунг нагласува дека Јужна Кореја остро го осудува тестирањето: „Претседателот Мун Џае-ин истакна дека неговата земја никогаш нема да дозволи Северна Кореја да продолжи со развивање на нуклеарната и ракетната технологија“, истакна Чунг.
Во соопштението на Претседателството на Јужна Кореја се наведува дека советникот за национална безбедност на Белата куќа, Х.Р МекМастер телефонски разговарал со неговиот јужнокрејски колега, Чунг Еуи-јонг, откако Северна Кореја соопштила дека извршила тестирање.
Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи на Кина, администрацијата на Пекинг остро го осудила тестирањето, и е против ова тестирање кое е извршено и покрај острите реакции на меѓународната заедница.
Во соопштението се потсетува на апелот на меѓународната заедница со Северна Кореја за почитување на волјата за прочистување на Корејскиот Полуоостров од нуклеарното оружје.
Исто така, се истакнува дека се повикува администрацијата на Пјонгјанг да ги почитува одлуките на Советот за безбедност при ОН, да запре влошувањето на состојбата во регионот, и да се врати кон решавање на прашањата преку дијалог и преговори.
Во соопштението се вели дека волјата на Кина и меѓународната заедница е прочистување на Корејскиот Полуостров од нуклеарното оружје, спречување на ширењето на тоа оружје, како и заштита на мирот и стабилноста во Југоисточна Азија.
Според соопштението, Кина целосно ќе ги почитува одлуките на Советот за безбедност при ОН во врска со администрацијата на Пјонгјанг.
Северна Кореја соопшти дека хидрогенската бомба е компатибилна со интерконтиненталните балистички ракети. Според вестите на севернокорејските медиуми, тестирањето е успешно извршено по наредба на лидиерот на земјата, Ким Јонг-ун.
Метеоролошката агенција на Јужна Кореја претпоставува дека ова тестирање е шестпати посилно од тоа што беше извршено во септември 2016 година, со јачина на ослободената енергија од 10 килотони.