Hüseyin Altınalan
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
БЕЈРУТ (АА) - ХУСЕИН АЛТИНАЛАН - Палестинските бегалци кои поради политиката на Израел засолниште побараа во Либан, во камповите, во коишто живеат во тешки услови, сонуваат за денот кога ќе се вратат во својата татковина, јавува Anadolu Agencu (AA).
Според податоците на ОН, во Либан живеат речиси 450.000 бегалци од Палестина, а речиси 62 отсто од нив се сместени во 12 бегалски кампови чии услови за живот се далеку од прифатливи.
Останатите бегалци се сместени во близина на камповите, или во другите делови на земјата.
Бегалскиот камп Бурџ ел-Бараџнех, во кој живеат голем број на палестински бегалци е едно од местата на кое се најмногу видливи тешките услови за живот на мигрантите. Во кампот не се задоволени ниту одредените основни стандарди.
Екипата на АА на тесните улици од кампот сретна старица која им кажа дека нејзината единствена желба пред смртта е да го види родниот Џенин, кој го напуштила кога имала четири години.
Палестина, Уму Хафса од Палестина пак вели дека немаат контакт со роднините.
„И покрај тоа што е оддалечен стотици километри, секој тука живее со надеж дека еден ден ќе се врати во својата татковина. Успеавме оваа свест да ја пренесеме на помладите генерации“, додава Уму Хафса.
Мустафа Јунус, кој работи во хуманитарна организација, изјави дека е роден во Либан, но дека чезнее секогаш кога ќе слушне некој да ја спомне Палестина.
„Велам дека треба да се вратиме, но моментално за жал немаме сили да го сториме тоа. Арапскиот свет од кого очекуваме да ни пружи поддршка, не прави ништо. Додека треба да се борат против непријателите ционисти, муслиманите се борат едни против други. Арапскиот свет не презема ништо ниту за Палестина, ниту за Ерусалим“, изјави Јунус.
И покај сите недостатоци, се верува дека во блиска иднина ќе се вратат во својата земја.
Неговата мајка е родена во Палестина.
„Група Евреи една ноќ го напднаа нивното село поради што морале да избегаат. Кога емигрирале во Либан, таа имала две години. Многу наши роднини беа убиени од ционистите“, изјави Јунус кој додаде дека неговата мајка на секој спомен на Палестина реагира многу емотивно.