Dildar Baykan
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Локални хиндуси нападнаа муслиманско семејство во северниот дел на Индија, кое сакало да заколе крава по повод Курбан-бајрам, а притоа се повредени повеќе лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индиските медиуми јавуваат дека до инцидентот дошло вчера во северната индиска покраина Харјан кога неколку муслимански семејства од етничката група Рохинџа сакале да заколат крава како курбан.
Хиндусите ги нападнале бидејќи кравите ги сметаат за свето животно.
Жителот Шакир Ахмет тврди дека муслиманите се откажале од колење и сакале да ги продадат кравите кои ги купиле за курбан, но дека локалните хиндуси нападнале група муслимани и потешко повредиле најмалку четири лица.
Во Индија се чести инцидентите до кои доаѓа поради колење на крава и консумирање на нејзиното месо, што во неколку покраини се смета за кривично дело кое се казнува со затвор.