Ekip
11 Април 2025•Ажурирај: 12 Април 2025
ГАЗА (АА) – Насобраното ѓубре и отпадот во близина на населбите во Газа се претвораат во сериозна закана за јавното здравје, а постојано се зголемува и бројот на раселените лица што се движат кон северот на Појасот Газа.
Во близина на импровизираните шатори поставени покрај натрупаните депонии, палестинските граѓани, вклучително и децата, принудени се да живеат меѓу купови отпад.
Многумина од нив секојдневно пребаруваат низ ѓубрето обидувајќи се да најдат употребливи предмети, храна или материјали за горење.
Ситуацијата дополнително се влошува во бегалските кампови, како Магази, каде што пренаселеноста го прави невозможно собирањето на отпадот.
Зголемените депонии стануваат извор на зарази и болести, особено кај децата и повозрасните лица.
Според податоците од терен, ѓубрето не само што го загрозува здравјето на луѓето туку и го комплицира секојдневното преживување бидејќи сè повеќе простори стануваат непогодни за живеење.
Населението се соочува со недостиг од чиста вода, лекови и основни хигиенски услови.
Без функционална инфраструктура и со ограничен пристап до хуманитарна помош, жителите на Газа се оставени да се борат со последиците од хуманитарната катастрофа што секој ден се продлабочува.