Ali H. M.Abo Rezeg
27 Октомври 2018•Ажурирај: 28 Октомври 2018
ГАЗА (АА) - Движењето Исламски џихад денес во Газа објави прекин на огнот со Израел посредуван од Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прогласуваме прекин на огнот со Израел откако Египет контактираше со нас“, изјави за АА портпаролот на Движењето Исламски џихад, Давуд Шихаб.
Тој изјави дека Движењето ќе биде посветено на договорот сѐ додека Израел е посветен.
Денешниот договор е направен откако шестмина Палестинци загинаа, а десетици беа повредени во оган од страна на израелската Армија за време на антиокупациските протести долж Појасот Газа.
Повеќе од 200 Палестинци загинаа, а илјадници се повредени од почетокот на протестите на 30 март, од страна на израелските трупи распоредени во близина на тампон-зоната.