Zeynep Hilal Karyağdı
27 Октомври 2018•Ажурирај: 28 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Новинарот и колумнист Фехми Хувејди, кој е еден од истакнатите мислители во Египет, истакна дека убиството на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, ќе има драматични рефлексии во арапскиот свет, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Убиството на Кашоги ќе има драматични рефлексии во арапскиот свет, пред сѐ во Саудиска Арабија“, рече Хувејди во изјава за „Дојче Веле“ (Deutsche Welle).
„Убиството на Кашоги ќе создаде пукнатини во редовите на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман и неговите поддржувачи. Aко принцот Бин Селман биде разрешен, тоа ќе создаде криза и за другите опозициски принцови“, додаде тој.
„Сигурен сум дека престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), принцот Шејх Мухамед бин Зајид, овие денови не спие. Внимателно го следи она што му се случува на неговиот пријател (Бин Селман)“, рече Хувејди.
Хувејди нагласи дека ставот на меѓународната заедица за случајот „Кашоги“ е променет.
„Претседателот на САД, Доналд Трамп, почна да се осврнува на можностите за санкции против Саудиска Арабија. На почетокот на кризата немаше ваков став“, истакна Хувејди.