Emel Öz Gözellik
11 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека одблизу го следат случајот на исчезнувањето на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, и дека во оваа насока одблизу работат со Турција и Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Таму имаме истражители. Работиме заедно со Турција и Саудиска Арабија. Мораме да откриеме што се случи“, одговори Трамп на прашање на американскиот тв-канал „Фокс“ (Fox).
Трамп нагласи дека не му се допаѓа оваа ситуација. „Не можеме да дозволиме да му се случи вакво нешто на еден новинар или на кој било“, додаде тој.
Трамп во изјава за медиумите рече: „Ова е значајно прашање за нас во Белата куќа. Ќе одиме до крај“.
Новинарот Кашоги бил соработник на весникот „Ал Ватан“ (Ал Watan), кој е важна платформа за саудиските реформисти, во западните медиуми е познат по неговите вести за Блискиот Исток.
Тој на 2 октомври исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул.