Ayhan Şimşek
07 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Напаѓачот кој вчера со комбе удри во толпа луѓе во германскиот град Минстер е германски државјанин кој имал психолошки проблеми и бил поврзан со есктремно-десничарските групи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германската државна телевизија ЗДФ (ZDF) објави дека полицијата го идентификува напаѓачот како 49-годишен маж под името Јенс Р., кој по несреќата изврши самоубиство.
Напаѓачот имал поврзаност со екстремно-десничарските групи, но дали тие имаат улога во нападот сè уште не е познато, јавува ЗДФ, цитирајќи анонимни безбедносни извори.
Две лица загинаа, а над 20 се повредени откако напаѓачот со комбе вчера влета во толпа луѓе пред ресторан во германскиот град Минстер.
Полицијата вели дека во станот на напаѓачот се пронајдени калашников и петарди. Властите сè уште не го утврдија вистинскиот мотив за нападот. „Досега, не најдовме никаков доказ дека зад нападот се крие политички мотив“, изјави за новинарите главниот обвинител Елке Адомеит. Кратко по нападот, политичарите на есктремно-десничарските партии во Германија ја префрлија вината кон бегалците и споделија антимигрантски и исламофобични пораки на социјалните мрежи.