Kemal Zorlak
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
КИГАЛИ (АА) - По повод 24. годишнината од геноцидот во Руанда, во Меоријалниот центар во Кигали, организирана е комеморација во сеќавање на жертвите од геноцидот во 1994 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во меморијалниот центар, каде се одржа церемонијата, закопани се 250.000 жртви од геноцидот во Руанда. На комеморацијата учествуваа претседателот Пол Кагаме со сопругата и бројни жители на Руанда.
Откако на 6. април 1994 година е урнат авионот на претседателот на Руанда, Жувенал Хабијаримана, кој беше од племето Хуту. Ден подоцна припадниците на војската на Руанда од редовите на тоа племе започнаа 100дневни масакри пад припадниците на заедницата Тутски и умерените кругови од племето Хуту.
Рунда, како и останатите африкански земји, ошто ги критикуваа Обединетите нации поради пасивната реакција и незапирањето на геноцидот.
За време на тромесечниот масакр, според податоците на ОН загинаа 800.000 луѓе, додека според официјалните податоци на Руанда, животот го загубиле повеќе од милион припадници на заедниците Тутски и Хуту.
ОН 7. април го прогласи за Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Руанда.