Ekipa
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Дванаесет цивили, од кои 4 деца, беа убиени во Сирија од страна на режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи во воздушните и копнените напади врз цивилните населби во деескалационата зона во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори, војската на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран извршиле воздушен и копнен напад врз областа Кенсафра и Кефренбил во Идлиб, и врз селото Ел Кастун во западниот дел на Хама.
Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана (Бели шлемови), во нападите врз областа Кефренбил и селото Ел Кастун животот го загубиле 12 цивили, од кои 4 деца.
Од Центарот за набљудување авиони на опозицијата се истакнува дека нападот врз областа Кефренбил е извршен од страна на руски авиони. „Два руски борбени авиони полетаа од Химејмим“, се вели од Центарот.
- Последната ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Покраината Идлиб, северозападно од Сирија, од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигнува 4 милиони луѓе. Од март 2015 е под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интезивираа за време на 12-тиот состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нур Султан, главниот град на Казахстан. Последните две недели продолжуваат со ист интензитет.
Извори од Цивилната одбрана (Бели шлемови), соопштуваат дека од 25 април најмалку 167 цивили ги загубиле своите животи, а повеќе од 415 цивили се повредени.
Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите на режимот се причина за принудно иселување на 553.444 цивили.
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран со поддршка на Русија од воздух, со нападите врз деескалационата зона во Идлиб, кои започнаа пред 3 недели, зазедоа површина од 100 квадратни километри.