Ayhan Şimşek
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
БЕРЛИН (AA) - Едно лице е убиено, а неколку се ранети во нападот со нож во супермаркет во Хамбург, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицјата соопшти дека осомниченото лице е уапсено по нападот во квартот Бармбек.
Сеуште не е познат мотивот на нападот, како ни точниот број на ранети лица.
Локалните власти ги предупредија граѓаните да не приоѓаат на тоа подрачје.
Нападот се случи во трговски центар во квартот Бармбек.