Ekip
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Управата на џамијата Ал Акса соопшти дека израелската полиција се согласи да ги отвори сите влезови на оваа џамија, укинувајќи го старосното ограничување, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувме, претходно денеска израелската полиција постави контролни точки во подрачјето на стариот град, каде што се наоѓа комплексот Ал Акса, и не им дозволи влез во џамијата на мажите муслимани под 50-годишна возраст.
Палестинските муслимани петочната молитва ја одржаа на улиците, пред портите Сахира и Дамаск од комплексот Ал Акса.