Tevfik Durul
28 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ПЕКИНГ (АА) - Тензиите и несогласувањата меѓу Индија и Кина околу спорната територија Доклам, на самата граница меѓу двете земји, трае повеќе од половина век. Откако индиската војска ја мина кинеската граница, настана можност за нов оружен судир, пишува Anadolu Agency (AA).
Тензиите пораснаа кога индиската војска минатиот месец ја блокираше работата на новиот пат што Кина го гради на висорамнината Доклам, во автономната област Тибет. Причина за блокадата е наводно безбедноста на народот на сојузничкото кралство Бутан.
Фактот што воените трупи на двете земји во регионот моментално се на растојание од само 150 метри, покажува дека постои голема напнатост.
Официјалните кинески претставници во повеќе наврати ја предупредија индиската војска да се повлече „зад својата граница“, но управата од Њу Делхи, иако изминаа повеќе од 30 дена, не сака да направи чекор назад.
Кинеските војници во Доклам подигнаа транспарент на кој пишува: „Ја минавте границата, ве молиме вратете се назад“, но индиските безбедносни сили не даваат знаци дека би можеле да се повлечат од регионот.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Кина овие денови даде многу остри изјави, а меѓу другото, порача дека е потешко да се размрда Народноослободителната армија на Кина отколку планина.
Од кинеското министерство порачаа дека по секоја цена ќе го штитат националниот суверенитет и територијалниот интегритет на земјата.
Напнатоста на Хималаите меѓу двете светски воени сили кои имаат заедничка граница во должина од 3.500 километри, дополнително е интензивирана со приказните во јавноста во двете земји за можноста за воен судир.
Кинеската управа тврди дека нејзе ѝ припаѓа подрачјето на Аруначал Прадеш, со површина од 90.000 квадратни километри, а пак од друга страна, Индија тврди дека нивна е територијата Аксаи Чин, со површина од 38.000 квадратни километри, окупирана од страна на Кина.
Владата на Индија смета дека го почитува договорот за границите, потишан во 1890 гдина, а на повиците од страна на Пекинг за прекин на граничните прекршувања, Њу Делхи тврди дека овој договор не го опфаќа и кралството Бутан.