Cem Genco
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Евакуирани се и болните и ранетите од подземната болница во источниот дел на Алепо, подрачје што e под опсада на режимот на Башар ал Асад и на странските прорежимски терористички групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на платформата „Ние сме умет“, Абдухамит Алтинташ, за АА изјави дека пред месеци, со помош на фондацијата „Евроазија“ оформиле подземна болница со 25 легла.
Алтинбаш изјави дека додека животот продолжува со тешкотии поради опсадата на градот, ранетите од судирите и од воздушните напади и болните од Алепо се лекувани во подземната болница.
„Поради секојдневните бомбардирања, луѓето во Алепо се соочуваа со големи проблеми. Во рамките на преземањето безбедносни мерки во подрачјето, ја отворивме оваа болница којашто е 2 ката под површината на земјата и во неа долг период им се укажуваше медицинска помош на ранетите и болните од ова подрачје“, рече Алтинбаш.
По евакуацијата на 25 болни и ранети од подземната болница во безбедно подрачје, Алтинташ рече: „Дел од болните и ранетите што се во критична состојба, беа испратени во Турција, додека преостанатите се префрлени до безбедни точки во Идлиб“.
- „Поддршката со амбулантни возила одигра значајна улога во евакуацијата“ -
Алтинбаш рече дека деноноќно работеле за да ги залечат раните на семејствата од Алепо.
Тој изјави дека претходно спроведената кампања „Едно амбулантно возило, 1.000 животи“ имала голем удел во евакуацијата на цивилите и ранетите од Алепо.
„Амбулантните возила што беа испратени во подрачјето активно учествуваа во безбедното евакуирање на ранетите и цивилите од Алепо. За здравјето на жителите на Алепо се грижеа 47 амбулантни возила, кои зедоа активно учество и при нивната евакуација. Во изминатите месеци, 3 амбулантни возила беа погодени со барелни бомби“, рече Алтинбаш.
Алтинбаш истакна дека во рамките на кампањата „Алепо чека помош“ им помогнале на семејствата на кои помошта им била најпотребна.