İdris Okuducu
22 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Уште десет лица починаа како последица на самоубиствениот напад на припадниците на терористичката организација ДЕАШ во Ѓокчели, во источниот дел на Мосул, а вкупниот број на починати изнесува 11, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот на полицијата во Нинива, Тахсин eл-Џубури, за АА изјави дека во самоубиствениот напад се ранети вкупно 44 лица. Нападот е извршен во близина на пазар и близу центарот на безбедносните сили во Ѓокчели, кој пред речиси два месеца беше ослободен од припадниците на ДЕАШ.
Според него, сите загинати се цивили, а меѓу ранетите има и девет ирачки војници и припадници на други безбедносни сили.
Овој самоубиствен напад е прв напад на припадниците на безбедносните сили на ослободената територија во источниот дел на Мосул.
Припадниците на ирачката војска на 1 ноември го ослободија од ДЕАШ квартот Ѓокчели, на источниот влез на Мосул.