Büşra Selvi Öğütcen
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
ТОКИО (АА) - Во Јапонија за првпат оваа година се родиле помалку од 1 милион бебиња, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на агенцијата Кјодо, владини извори објавиле дека во 2016 година се родени 981.000 бебиња.
Според податоците на Министерството за здравство, труд и социјала на Јапонија, бројот на новороденчиња оваа година во однос оние што се родиле во 2015 година е намален за 25.000.
Во Јапонија, во просек на секои 32 секунди се раѓа по едно бебе, додека на секои 24 секунди умира едно лице.
Одговорните од министерството информираат дека причината за намалување на бројот на новороденчиња се должи на намалување на бројот на жени на возраст од 20 до 30 години.
Владата на јапонскиот премиер Шинзо Абе со цел до 2025 година да го зголеми наталитетот во земјата, на мајките им овозможува голема поддршка, а на младите генерации поголеми можности за вработување.