Murat Karadağ
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
САНТИЈАГО (АА) - Претседателот на Бразил, Мишел Темер ги отфрли наводните тврдења за корупција и не го прифати барањето за поднесување оставка пред Нова година, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Темер беше гостин на една програма во главниот град Бразилија, и одговараше на прашања од новинарите во врска со барањата за оставка од претседателската функција поради наводните тврдења за корупција, кои сѐ почесто се слушаат во Бразил.
Претседателот Темер изјави дека ги отфрла тврдењата за корупција и дека нема да поднесе оставка.
Темер рече дека ќе поднесе жалба на секоја одлука што ќе биде правно обврзувачка во врска со него.
Според бразилските закони, доколку Темер поднесе оставка пред Нова година, тогаш во 2017, во државата ќе бидат закажани предвремени избори.
Клаудио Мело Фило, поранешен директор во градежна фирма, минатата недела во обвинителството даде изјава во која го обвинува претседателот Темер дека по нелегален пат обезбедувал средства за финансирање на кампањата, а посредник во целиот случај бил советникот на Темер, Жозе Јунис. Претседателот Темер ги отфрли овие обвинувања.
Од мај, кога Темер стапи на функцијата претседател на Бразил, шестмина членови на владата поднесоа оставка.
Разрешената претседателка на Бразил, Дилма Русеф, на чие место дојде Темер, го обвини новиот претседател за корупција. Адвокатите на Русеф до судот во Сао Паоло поднеле документи со кои се докажува дека Темер примип поткуп во висина од 295.000 долари од поранешен висок раководител на една градежна фирма.