Evren Aydemir, Senada Ibraimova
08 декември 2016•Ажурирај: 09 декември 2016
БЕРЛИН (АА) – Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Волтер Штајнмаер, рече дека итно треба да се решат проблемите во Источна Украина, Крим и во Нагорно Карабах, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Хамбург, каде што од 57 држави-членки присуствуваа 50 министри за надворешни работи, меѓу кои и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Штајнмаер се обрати на отворањето и рече дека наместо да се намалат кризите во светот, тие се зголемуваат, дека треба да се најдат нови можности за дијалог и соработка, и оти е потребна повлијателна структура на ОБСЕ, за однапред да се спречат кризите и тие да се решат.
Тој забележа дека цивилните набљудувачи во источна Украина работат под тешки услови, а како што рече, тие понекогаш се изложени и на оружени напади, што смета дека не треба да се прифати. Чавушоглу нагласи дека за да се реши кризата, треба да се повлече оружјето од регионот, но според него, за ова е потребна и политичка волја од засегнатите страни.
Штајнмаер го сврте вниманието и на останатите кризи во светот: „Покрај сите напори што ги правиме во источна Украина, не го забораваме и Крим. Анектиран е спротивно на државните закони. Институциите на ОБСЕ досега не успеаја да влезат таму. Но, не е само украинската криза во прашање, исто така загрижувачки се случувањата и во Нагорно Карабах. Повторното распламтување на судирите во април покажува колку овој спор се движи во опасен правец. Мене ми покажа дека многу итно треба да се започнат средби за да се најде политичко решение за постојан прекин на огнот“.
Тој рече дека напорите што ги вложија ОБСЕ, ОН и ЕУ на конференцијата во Минск, покажаа одреден напредок, но според него, потребно е многу повеќе да се направи за да се промени животот на луѓето во кризните региони.
Штајнмаер истакна дека државите-членки на ОБСЕ треба да се обединат со цел борба против светскиот тероризам, радикализам, расизам и илегалните миграции, како и дека механизмите за контрола на разоружувањето на терористичките организации треба да се модернизираат според сегашните услови.
Тој истакна дека за да се зајакне ОБСЕ, потребни се пари и повеќе персонал, како и тоа дека организацијата треба да биде доследна на своите вредности. „Не е можна широко распостранета безбедност без да се почитуваат основните човекови права, принципите на правната држава и демократијата“, истакна Штајнмаер.
Претседавачот на ОБСЕ, Кристин Мутонен, во својот говор рече истакна оти понекогаш изгледа дека е полесно кога државите дејствуваат сами, но нагласи дека ниедна држава не може сама да си ги реши проблемите и додаде оти, колку и да изгледа дека не може да се надминат кризите, секогаш постои шанса за избор.
Таа истакна дека ОБСЕ преку преговори најчесто успева да постигне напредок. „Ова го покажавме по обидот за државен удар во Турција, како и со реакции против бегалската криза на ниво на Европа“.
Мутонен исто така додаде дека ОБСЕ е неизбежна за подобрување на ситуацијата во кризните региони и за заштита на безбедноста. Според неа, организацијата треба поинтензивно да биде поддржана.
Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер истакна дек е потребна координирана борба против илегалните миграции и тероризмот во светот. Тој рече дека брзо дејствуваат против кризите, но додаде оти за да се премине преку новите закани, кои растат во светот, услов е обновувањето на организацијата.
Во врска со нападите на набљудувачите на ОБСЕ во Украина, тој рече дека тоа е неприфатливо и оти е потребно е да се осудат ваквите случувања и да се казнат одговорните.
Заниер истакна дека ОБСЕ досега мошне е влијателна во решавањето на кризите и заштитата на дијалогот, и додаде оти, треба повеќе да ѝ се верува на организацијата.