Cüneyt Karadağ
07 февруари 2016•Ажурирај: 08 февруари 2016
БЕРЛИН (А) - Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, остро го осуди севернокорејското тестирање на балистички ракети со долг дострел и го оцени тој потег како „неодговорна провокација”, јавува Anadolu Agency (AA).
„Северна Кореја уште еднаш покажа дека не ги почитува предупредувањата на меѓународната заедница. Тестирањето на балистички проектили е неодговорен и провокативен чин. Со тоа повторно се прекршени резолуциите на Советот за безбедност на ОН, а безбедноста во регионот повторно е доведена во ризик”, порача Штајнмаер во својата пишана реакција.
Штајнмаер порача дека севернокорејските провокации и предизвикувањето на целата меѓународна заедница не смеат да останат без одговор и додаде дека денешната вонредна седница на Советот за безбедност на ОН е сигнал за тој став.
Властите на Северна Кореја соопштија дека во рамките на развојот на „мирнодобската вселенска програма” лансирале балистичка ракета со сателит во орбитата што предизвика остри реакции од светот.
На повикот на Јужна Кореја, Јапонија и САД во седиштето на ОН започна вонредна седница на Советот за безбедност, во врска со тој настан.