Safiye Karabacak
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
БАГДАД (AA) - Сместувачките капацитети во импровизираните болници на истокот од ирачкиот град Мосул не се доволни за големиот број ранети цивили, коишто секојдневно страдаат на улиците на овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Докторот Мухмард ес-Севас рече дека цивилите на истокот на Мосул се под постојани бомбашки напади на припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
Во местото Кевчели на истокот на Мосул ирачките сили направија импровизирана болница во која само синоќа пристигнале повеќе од 80 ранети.
„Болницата не може да прими повеќе ранети. Нема веќе ниту медицински материјал во болницата. Здравствените работници не знаат што да прават со пациентите на кои им се потребни потешки хирушки интервенции", рече докторот Мухамед ес-Севас.
Според него, болницата во Ербил прими некои итни случаи.
Ирачките сили на 17 октомври покренаа акција за ослободување на Мосул, а оттогаш во источниот дел на градот доаѓа до почести судири со терористите на ДЕАШ.