Mohamed Sabry Emam Muhammed
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
РАФА (АА) - Безживотните тела на четирите палестински работници беа пронајдени минатата недела во урнатиот тунел под границата на Газа со Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани безбедносни палестински извори за АА истакнаа дека станува збор за работници кои се водат за исчезнати од минатата недела, кога се сруши една од тајните тунели, кои Палестинците го копаа во Газа со цел пронаоѓање начин за излез од израелската опсада на Појасот Газа, кој веќе со години е целосно отсечен од остатокот на светот.
Египетската војска веќе неколку месеци ги урива тунелите кои Палестинците ги копаат под границата, коишто ја поврзуваат Газа со египетскиот полуостров Синај. Најчесто тунелите се уништуваат со полнење со вода.
Со доаѓањето на Хамас на власт во Газа во 2006 година, израелските власти целосно го блокираа палестинскиот регион, а тајните тунели под границата со Египет беа единствен извор за продукти за Палестинците, бидејќи преку нив носеа храна, лекови, градежни материјали и други потребни производи.
По воениот удар во јули 2013 година, египетската влада со претседателот Абдел Фатах ал-Сиси го започна процесот на откривање и уривање на палестинските подгранични тунели.