Ekipa
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ВИЕНА (АА) - Граѓаните на Австрија денес излегуваат на избори кои ќе одлучат за новиот претседател, чиј избор би можел да се одрази на состојбата во Европската Унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Главните ривали се Норберт Хофер од десничарската Партија на слободата и лидерот на левичарската Партија на Зелените, Александар Ван дер Белен.
Станува збор за трети претседателски избори оваа година, по двата претходни неуспешни избори, којшто беа поништени од страна на Уставниот суд поради нерегуларности.
Во април, Хофер ја однесе победата, додека во вториот круг од изборите во мај, победи Дер Белен со 31.000 гласови повеќе од својот противкандидат.
Хофер на австриската, но и на светската јавност е познат по застапувањето на антимигрантската политика. Тој повеќепати изјави дека Австрија би можела да се огледа на Велика Британија односно да го изведе својот „Брегзит“, излез од Европската Унија (ЕУ).
Доколку го освои местото претседател, Хофер ќе биде првиот претседател на десното крило на чело на една земја од Европската Унија, од Втората светска војна.
Се верува дека низ резултатите од изборите во Австрија ќе се набљудува ситуацијата во Франција, Холандија, Германија и другите земји на ЕУ кои се подготвуваат за избори, а во коизајакнуваат десничарските партии.
Изборните места во Австрија ќе бидат отворени со 17 часот, а резултатите ќе се очекуваат доцна вечерва. Резултатите од изборниот материјал од изборните места во отсуство ќе бидат познати утре.