Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ВАРШАВА (АА) – Граѓаните на Полска денес гласаат за избор на нов претседател, јавува Агенција Анадолија (АА).
За гласачите во земјата, која брои 38 милиони жители, избирачките места се отворени од 07:00 до 21:00 часот по локално време.
На изборите учествуваат 11 кандидати. Во случај кандидатите на денешните избори да не можат да освојат над 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 12 јули.
Според најновите истражувања на јавното мислење во земјата, Анджеј Дуда, кој е поддржан од владејачката конзервативна Партија на правото и правдата (PİS), има поддршка од 42 отсто од гласачите.
Најголем ривал на Дуда е градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски, кандидат на опозициската центристичка проевропска Граѓанска платформа (PO). Според анкетите се очекува Тшасковски да освои 28 проценти од гласовите и да влезе во вториот круг.