Emre Aytekin
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 17 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја детектирани се 40 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална комисија за здравство соопшти дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 17 нови случаи на вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.
Во Кина вкупниот број на потврдени случаи е зголемен на 83.500, додека бројот на смртни случаи на 4.634.
На 11 јуни регистриран е ненадеен пораст на случаите со Ковид-19 поврзани со пазарот на големо „Шинфади“ во Пекинг.
Пазарот беше затворен, сите вработени беа тестирани, а 11 станбени области во близина на пазарот беа ставени во карантин.
За да се спречи ширењето на епидемијата во главниот град, наставата привремено е прекината, а исто така прекинати се и колективните спортски и културни активности.
На тестирањата извршени во салоните за убавина и берберските салони во градот не се евидентирани случаи со вирусот. Со тоа се смета дека епидемијата е под контрола.
- Во Јужна Кореја во текот на 24 часа регистрирани 40 новозаразени со Ковид-19 -
Од Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 40 нови случаи на Ковид-19. Починати од коронавирусот нема.
Најголем број од новите случаи со Ковид-19 регистрирани се во главниот град Сеул и околината.
Во последниот период најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај лица што работеле во магацин на една компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.
Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 12.715, а дека од коронавирусот досега починале 282 лица.