Ali Cura
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
МОСКВА (AA) - Бројот на заразени со коронавирусот, Ковид-19, во Русија се зголеми на 634.437, а вкупниот број на починати на 9.073, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 6.791 лице позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 634.437.
Во последното деноноќие регистрирани се 104 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од коронавирусот во Русија се искачи на 9.073.
Во истиот период оздравеа 5.735 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени се искачи на 399.087.
Процентот на новооткриени случаи забележува раст од 1,1 проценти. Кај 32,4 проценти од новооткриените случаи не се забележани симптоми на коронавирусот.
Во Москва во последните 24 часа детектирани се 717 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во градот се искачи на 220.071, додека во истиот период регистрирани се 24 смртни случаи. Вкупниот број на починати во главниот град на Русија изнесува 3.738.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека во земјата досега направени се над 19.000.000 тестирања за Ковид-19.
Во соопштението исто така се наведува дека 298.505 лица се под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.