БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Бразил денес пријави 1.109 смртни случаи поврзани со коронавирусот, додека 602 пациенти починаа во Мексико во текот на изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на починати во Бразил достигна 57.070, според податоците на Министерството за здравство.
Во земјата пријавени се 38.693 нови случаи, со што вкупниот број на заразени достигна 1.313.667.
Сао Пауло е најтешко погодениот регион во земјата, со 265.581 случај и 14.263 починати досега.
Вирусот зеде 9.789 животи во Рио де Жанеиро, каде што досега се заразени 108.803 лица, со што градот е втор најпогоден град од коронавирусот во земјата.
Бразил е дефиниран како епицентар на епидемијата во Латинска Америка.
Според Институтот за статистика на Бразил, во мај, најмалку 4,2 милиони луѓе покажале симптоми слични на Ковид-19.
- Мексико -
Бројот на починати од коронавирусот во Мексико достигна 26.381, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Бројот на дијагностицирани случаи е зголемен на 212.802, со 4.410 новозаразени во последните 24 часа.
Над 498.000 луѓе починаа во најмалку 188 земји и региони од појавувањето на вирусот во Кина минатиот декември.
Податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во светот досега има над 9,9 милиони заразени со вирусот, а повеќе од 5 милиони луѓе победија во битката со Ковид-19.
САД, Бразил, Русија и Индија во моментов се најтешко погодени земји во светот.