Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ВИЕНА (АА) - Министерството за надворешни работи на Австрија одлучи двојно да го зголеми паричниот износ што ќе им го плаќа на мигрантите што доброволно ќе се вратат во својата земја. Таквите мигранти од австриските власти ќе добијат 1.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи, Волфганг Соботка, рече дека финансиската стимулација е дел од планот за 50.000 мигранти кои не ги исполнуваат условите за добивање барем привремен престој до 2019 година.
Од Министерството за надворешни работи во Австрија беше истакнато дека земјата минатата година ја напуштиле околу 10.700 мигранти, вклучувајќи и 5.800 кои тоа го сториле доброволно.
Право на финансиска стимулација имаат оние мигранти чиј бегалски статус е и понатаму нејасен до 15 март оваа година, а кои по потекло се од земјите од Африка, Авганистан, Ирак и од другите неевропски земји кои се финансиски загрозени.