Zafer Fatih Beyaz
27 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Најмалку седум лица загинаа, а тројца се ранети откако терористите на ПЈД отворија оган на група сириски цивили кои од градот Џарабулус се обидоа да се вратат во селото Сијук, источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од воени извори во регионот, терористите на ПЈД го окупираа селото Сијук и околината тврдејќи дека ова подрачје го штитат од терористичката организација ДЕАШ. Овој регион по доаѓањето на ПЈД го напуштија 10 илјади жители од арапско потекло, кои пребегнаа во Џарабулус.
Откако заканата на терористичката организација ДЕАШ во потполност е отстранета, групата цивили одлучи да се врати во селото Сијук.
Околу стотина лица од нив, на пат кон Сијук биле пресретнати од терористите на ПЈД, кои на локалитетот Ан-Насиријах отвориле оган и убиле седуммина, а раниле три лица.
Ранетите од нападот на терористите од ПЈД се префрлени во болница во Џарабулус.