Didar Yüsra Dilruba Öz
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Најмалку 26 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во изминатите 24 часа во продолжението на офанзивата „Штитот на Еуфрат",а турските воздушни сили уништија 135 нивни упоришта на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфтат" е покрената на 24. август 2016. година на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и со цел јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана ги поддржуваат и турските сили.
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските воздушни сили 175. ден од офанзивата гаѓаа и уништија 135 упоришта кои терористите на ДЕАШ ги користеле како командни места, складишта и засолништа.
Турските воздушни сили уништија и 42 објекти кои припадниците на ДЕАШ ги корисетеа, како и возилото кое превезувало бомба.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат" е продолжена со акцент на ослободување на Ал Баб, градот кој го контролираат терористите на ДЕАШ, а кој изминатите денови во потполност е опколен и во кој веќе се водат улични борби пред конечното кршење на терористичкиот отпор.