Hakan Ceyhan Aydoğan
13 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денес изјави дека е важно во политичкиот процес со цел решавање на сириската криза да учествува и тамошната вооружена опозиција и да се слушне и нејзиниот глас, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со министерот за надворешни работи на Монголија, Цeнд Мунх-Оргил, Лавров изјави дека на состанокот што во Астана треба да се одржи на 15. и 16. февруари ќе присуствуваат и претставници на Турција, Русија, Иран, режимот во Сирија и на тамошната опозиција, како што беше случај и на првиот состанок одржан кон крајот на јануари.
Освен специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, во Астана се повикани и САД, со статус на набљудувач.
„Сметаме дека е многу важно вооружената опозиција да учествува во политичкиот процес и во еден таков дијалог да се слушне и нејзиниот глас“, додаде Лавров, кој верува дека платформата во Астана ќе придонесе за набљудувањето на примирјето во Сирија и за развој на политичкиот реформски процес.
Рускиот министер изјави дека смета оти би било корисно на приговорите во Астана да се придружи и Јордан.
Тој потсети дека многу страни и вооружени групи се борат против тероризмот во Сирија и дека е потребна координација на активностите на теренот за да не дојде до несакани случувања.