Hasan Esen
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
КАРАКАС (АА) – Владата на Венецуела ги врати назад од аеродром членовите на Европскиот парламент (ЕП) кои сакаа да се сретнат со Хуан Гваидо, самопрогласениот привремен претседател на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците од десничарските партии во ЕП, Шпанците Гонсалес Понс, Габриел Мато Адровер, Хосе Игнацио Салафранга, Хуан Салафранга, Холанѓанецот Естер де Ланге и Португалецот Пауло Рангел по покана на Гваидо пристигнаа во Венецуела. На членовите на ЕП на аеродромот „Симон Боливар“ им беше одземен пасошот, а по одредено време со летот на „Иберија ерлајнс“ беа вратени назад.
Гонсалес Понс во изјавата објавена прку социјалните медиуми истакна дека се првата меѓународна делегација поканета од страна на Гваидо и додаде: „Денес сме избркани. Утре ќе се вратиме во една слободна Венецуела.“
Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаса, пак истакна дека Владата нема да ја прифати посетата на една група парламентарци кои се дојдени за заговор во земјата и дека ќе бидат предупредени преку дипломатски канали да се воздржат од провокациите.
„Венецуела нема да дозволи да се наруши мирот и стабилноста на земјата со одвратните интервенции на европската екстремна десница“, истакна Ареаса, додавајќи дека треба да се има почит кон неговата земја.
- Венецуелска криза
Во Венецуела, претседателот на Националниот парламент на Венецуела, Хуан Гваидо, на митингот на опозицијата се прогласи „за привремен претседател“ на Венецуела. По прогласувањето на чело со САД, него го признаа и Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала. Како последно, Гваидо го призна и Европскиот парламент (ЕП).
Од друга страна, Мексико, Турција, Русија, Иран, Куба, Кина и Боливија ја повторија поддршката за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. По настаните Мадуро ги прекина дипломатските и политичките односи со САД, но најави дека трговските односи ќе продолжат.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пак, изјави дека испраќањето на војници во Венецуела е „една од опциите“.