Hasan Esen,Ata Ufuk Şeker
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Мартин Шулц изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на позицијата претседател на Парламентот, туку дека ќе биде кандидат на изборите за германскиот Бундестаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Шулц ја соопшти својата одлука на прес-конференција во ЕП, и рече дека на таа тема во последните неколку дена многу се шпекулира.
„Донесов одлука. Нема да се кандидирам за трет мандат на позицијата претседател на ЕП. Следната година ќе се кандидирам во име на својата партија, на изборите за Бундестагот“, рече Шулц.
Мартин Шулц е член на германската Социјалдемократска партија (СДП), но не е познато дали во изборната трка ќе се бори за Министерството за надворешни работи или за местото канцелар.
Германскиот политичар, стана член на ЕП во 1994 година, а од 2012 година е челник на Парламентот. Шулц се смета како кандидат број еден за позицијата германски канцелар пред СПД. Анкетите покажуваат дека е попопуларен од претседателот на оваа партија, Зигмар Габриел.
Потсетуваме дека исто така, и сегашната германска канцеларка Ангела Меркел најави дека сака да се кандидира за четвртиот мандат за челник на германската Влада.