Murat Karadağ
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Во Боливија е донесена одлука училиштата да се распуштат две недели порано, поради кризата со вода којашто е предизвикана од сушите, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на едно училиште во главниот град Ла Паз изјави: „Повеќе од три недели немаме вода. Потребите на децата ги обезбедуваме со вода што ја носиме“.
Кризата за вода погоди околу 125 илјади семејства, а во некои региони, вода се носи еднаш на три дена.
Формиран е „Совет за вода“, за да се најде решение на кризата со вода во државата, а со цистерни се носи вода најпрво во Ла Паз, а понатаму и во другите погодени региони.
Од „Советот за вода“ побараа помош од странските држави во врска со решавањето на овој проблем.
Министерот за одбрана на Боливија, Рејми Фереира, во врска со овој проблем рече дека Јужна Кореја и неколку европски држави понудиле решение со долгорочни проекти.
Фереира нагласи дека овие проекти, како што се копање бунари и насочување на течните води, бараат повеќе време за да се спроведат, а како што рече тој, потребни се поефикасни решенија што можат да се спроведат за кратко време.
Претседателот на Боливија, Ево Моралес прогласи вонредна состојба, поради големата суша што ја зафати државата.
Според метеоролозите, во државата не се очекуваат врнежи од дожд до почетокот на декември.