свет

Во нападите на сирискиот режим во Идлиб загинаа 10 цивили

Од цивилната заштита „Бели шлемови“ соопштија дека гранатирањето било изведено врз 13 населени места во близина на градовите Кан Шејхун и Мара ал Нуман во руралното подрачје на Идлиб

Ali H. M.Abo Rezeg  | 17.02.2019 - Обновена : 18.02.2019
Во нападите на сирискиот режим во Идлиб загинаа 10 цивили

Idlib

ИДЛИБ (АА) - Најмалку 10 цивили загинаа, а 34 се повредени во изминативе 24 часа, во артилериското гранатирање од страна на сирискиот режим, на резиденцијално подрачје во северозападната сириска покраина Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Од цивилната заштита „Бели шлемови“ соопштија дека гранатирањето било изведено врз 13 населени места во близина на градовите Кан Шејхун и Мара ал Нуман во руралното подрачје на Идлиб.

Три деца и четири жени се меѓу загинатите во нападите.

Во изјавата за АА, раководителот на „Белите шлемови“ во Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, предупреди на хуманитарна катастрофа во врска со тековните напади на режимот.

„Во изминатиот период е пролеано многу крв“, рече тој, додавајќи дека повеќето од жртвите се деца и жени.

Се проценува дека во нападите на режимските сили во зоната без судири во Идлиб, од почетокот на годината животот го загубиле најмалку 63 цивили, додека стотици се повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın