свет

Мјанмар: Во затворски бунт убиени 4 лица

Нередите избија во затворот во градот Швебо, во округот Сагаин, при што затворениците повикаа на рамноправност поради претседателските помилувања

Ekipa  | 09.05.2019 - Обновена : 09.05.2019
Мјанмар: Во затворски бунт убиени 4 лица

ЈАНГОН (АА) - Мјанмарската полиција уби четири и рани неколку затвореници за време на бунт синоќа, соопштија официјалните претставници денеска, пренесува Anadolu Agency (AA).

Нередите избија во затворот во градот Швебо, во округот Сагаин, при што затворениците повикаа на рамноправност поради претседателските помилувања.

Официјален претставник од кабинетот на главниот министер на Сагаин, кој сакаше да остане анонимен, за АА потврди дека во немирите имало четири жртви, додавајќи дека полицијата пукала за да ги разбрка затворениците.

Тој изјави и дека владините официјални претставници денес се состанале со затворениците на нивно барање.

„Затворениците се жалеа дека неодамнешните претседателски помилувања биле неправедни, бидејќи нив ги одминале, додека неколку осуденици кои добија слични казни под исти обвиненија се ослободени“, изјави анонимниот официјален претставник.

Според наводите на локалните медиуми, слични нереди избија во уште два мјанмарски затвори, откако во вторникот повеќе од 6.000 затвореници се ослободени во третиот круг на претседателски помилувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.